Повеќе од 20 се убиени, а над сто лица повредени на музички фестивал во Лас Вегас

Најмалку 20 лица беа убиени, а над 100  повредени, кога напаѓачот, кој е убиен во меѓувреме,  пукаше во музичарите на музичкиот фестивал во еден хотелски комплекс и казино во Лас Вегас. Полицијата трага за жена која беше во придружба на напаѓачот.

 

 

Засега нема најава дека напаѓачот бил поврзан со милитантните групи, ниту дека дејствувал од екстремистички побуди.

Пред  комплексот згради беа собрани околу 30.000 посетители на музичкиот фестивал Route 91 Harvest, кога одеднаш почнало  пукање од автоматско оружје. Пејачот Џејсон Алдин веднаш го прекина настанот.

Очевидците велат дека имало многумина кои лежеле облеани во крв..
Казиното кое се наоѓа во близина веднаш е евакуирано. Улицата на која се наоѓаат бројни коцкарници, позната како Стрип, е блокирана. Стопирани се сите авионски летови на аеродромот во близина.