Дводневната акција за спасување на повредената и оставена кобила крај пат во околината на Велес, заврши со среќен крај. Активистите од здружението Глас на животните од Велес и други хумани луѓе, ја донесоа во Скопје и сега таа е на безбедно место.

,,Готово дечки, успешна мисија!
Имаме и именце- Аурора!

Дојдоа локалните ветеринари, Аурора ја прими потребната терапија, и доби малце сила за застане на нозе!
Ја товаривме во приколка и веќе е на пат кон Скопје во пансион.

Благодарност до Ljupka Avramovic што организираше превоз и приколка за коњи, за да дојдат од Скопје и да ја земат Аурора!

Ќе и биде изврштена рентген снимка на скршената нога, и во зависност од повредата ќе се изврши интервенција!

Дечки, сега се што е потребно е да обезбедиме средства за да подмириме пансион, да обезбедиме квалитетна храна и каиши за нејзе!
Ајмо -напиша на својот ФБ профил иницијаторот на акцијата Моника Петковска.

Аурора е во Скопје и ќе биде згрижена во коњички клуб KSK TRISTAR. Следно што е потребно е да се соберат средства за пансион и за понатамошно нејзино лекување. Само пансионот за 1 месец чини 12.000 денари.

Секој којшто ќе сака да донира, може на оваа жиро сметка:

Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Велес
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Со назнака: За Аурора!
Донирате по своја желба !!!

АКО.мк