Деноноќно траеше борбата за живот и спасување на повредена кобила, која најверојатно откако го скршила глуждот, била оставена крај патот во околината на Велес. Според драматичната акција која се одвиваше на социјалната мрежа Фејсбук, во нејзиното спасување учествуваа повеќе корисници на ФБ, познати граѓански активисти и хумани луѓе.
Прва, на својот профил, повикот за спас на беспомошното животно го упати активистката на здружението за заштита на животни од Велес, Глас на животните.

Истиот коњ што го одзема сопственикот е легнат на патот накај Бабуна и не може да стане!
Јас сум тука сама и за 30 минути ќе се стемни. Ми треба итно смештај и превоз со приколка!
Споделувајте

 Кобилата, повредена, со скршена нога, без вода и на плус 40, лежела крај патот кон Бабуна, пред да биде пронајдена од активистката на невладината Гласот на животните од Велес, Моника Петковска.

,,Се уште сме тука иако е стемнето!
Нема пробано ни да се помрдне.Коли фрчат и никој не нуди помош, многу јасно….

Долга е ноќта!“-напиша Петковска на својот ФБ профил.

Потоа, нејзиниот апел беше преземен од повеќе профили, меѓу кои и од глумицата Ирена Ристиќ, докажан граѓански активист и голем љубител на животни.

 

,,Се работи за млада кобила.
После еден куп инфузии и инјекции се исправи. Но едната нога е најверојатно скршена.
А згора на се изгледа е и трудна.

За жал и по најдениот превоз мисијата да се транспортира е неуспешна бидејќи камиончето беше премногу високо и со повредата не успеа да се качи.

Преместена е на посигурно место за ноќва, но наутро треба да делуваме брзо.

Еве што е потребно:

1.Кола со кука за да се прикачи приколка за коњ

2. Пансион кај луѓе со искуство и по можност во Скопје

3. Доколку знаете кој ветеринар има мобилен рентген.

4. И ќе ни треба финансиска помош за да направиме се што можеме да помогнемe
Слушнавме повеќе искуства и мислења околу ваков тип на скршеници од луѓе кои одгледуваат коњи. Мислењата се поделени.

Некои велат дека може да зарасне, а други дека не.

Ние сакаме да и дадеме шанса“-напиша Ристиќ на својот ФБ профил.

 

Image may contain: 1 person
Image may contain: horse

 

Кобилата е на пат за Скопје!
Доктор Marin ќе прави рентген и операција!
Се надеваме на најдоброто!
Држи се, убавице!  Ова беше последната порака од Ирена пред да биде транспортирана кобилата кон Скопје.

Image may contain: horse and outdoor
Секој што сака да помогне за натамошното лекување на ова кутро животно, може да донира на следната сметка:

Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Велес
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Донирате по своја желба !!!

АКО.мк