Погба е најдобар фудбалер во Лига Европа

 

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е избран како прв најдобар фудбалер на годината во натпреварите од Лига Европа.  Французинот беше избран од жири, вклучувајќи ги и тренерите на сите тимови кои учествуваа во групната фаза од Лига Европа минатата сезона, плус 55 новинари.

Конкуренти на Погба за ова големо признание му беа  неговите клупски колеги од Манчестер Јунајтед, Хенрих Миктаријан и Златан Ибрахимовиќ.

Во изминатата сезона на Лига Европа Пол Погба одигра 15 мечеви, постигна три гола.