Погребан е Мартин Јанушев, полицијата уште трага по убиецот

Денеска на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје е погребано младото момче Мартин Јанушев, кој завчера беше брутално убиен со неколку куршуми во главата пред влезот на зградата во којашто живееше со родителите.

Полицијата се уште трага по сторителот на убиството, иако се дознава дека убиецот е 25 годишник кој е на издржување 6 годишна затворска казна за трговија со дрога, но во моментот на убиството бил пуштен на викенд.

28 годишниот Мартин Јанушев по пукањето во него, веднаш бил пренесен во болница со возило на некој  од очевидците, но и покрај обидите на докторите да го реанимираат, по 40 минути тие можеле само да констатираат смрт.

Повредите од куршумите во неговата глава и во вратот биле смртоносни уште на местото на убиството.

Јанушев бил фудбалер и играл за неколку клубови, меѓу кои и за ,,Локомотива“.

МВР ги истражува мотивите за оваа сурова ликвидација која се случи на фреквентно место и пред очевидци во доцните попладневни часови на 3 ноември во населбата Аеродром, непосредно пред ,,Ред кафе“.

АКО.мк