Поднесено барање до УЈП за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија

Врз основа на одредбите од чл.36 од Законот за спречување на корупција, адвокатот Жарко Стеваноски до Управата за јавни приходи (УЈП) на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за испитување на имотот и имотната состојба на избраниот функционер, прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Како што вели адвокатот Стеваноски, иницијативата е поднесена заради непријавување односно прикривање на недвижен имот во сопственост на пратеникот Стевананџија, неговата сопруга и неговиот родител.

„Од приложените 10 имотни листа може да се види дека согласно моментот на запишување на правото на сопственост и основот на стекнување на сопственоста, од 2011 година кога бил избран па до денес, до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не пријавувал промена на имотната состојба, што е спротивно на одредбите од чл.28, чл.33 и чл.34 од Законот за спречување на корупција“, вели адвокатот Стеваноски.

Според зборовите на Стеваноски, овластени органи за поведување на постапка за испитување имот и имотна состојба се УЈП и ДКСК.

Иако имотните листови во корелација со анкетните листови објавени од ДКСК покажуваат две различни имотни состојби на Стеванџија, во изминатиот период од 2011 година до денес ДКСК не утврдила злоупотреба во поглед на должноста за пријавување на имот и имотни права од страна на пратеникот. Од тие причини до УЈП поднесов иницијатива за поведување на постапка, врз основа на која УЈП е овластена да отпочне постапка пред надлежните органиДоколку утврди злоупотреби и од страна на членовите на ДКСК, УЈП е должна да побара одговорност и од нив“, појаснува адвокатот Жарко Стеваноски.

Покрај 10. имотни листа, Стеваноски до УЈП приложил и податоци за приходи кои Стевананџија ги остварил по основ на патни трошоци за 2012, 2013, 2014 и 2015 година.

Во текстот со наслов „Каков имот крие од јавноста пратеникот Димитар Стевананџија“објавен на ПУБЛИКУМ во септември минатата година, Стеваноски направи анализа на имотната состојба на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, при што јавно објави дел од имотните листови кои, како што тврди прилепскиот адвокат, докажуваат дека до ДКСК Стевананџија не ги пријавил настанатите промени.

Извор:

Публикум