Пожарот ставен под контрола, изгореа неколку простории од Градежен факултет

Командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека огнот што зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет, е ставен под контрола.

-Пожарот е пријавен меѓу 9 и 10 часот, се интервенираше со над 10 пожарни возила, бидејќи имаше опасност огнот да се прошири. Засега се утврдуваат причините, сите се евакуирани навремено. Нема повредени, рече Томовски.

Гасењето на пожарот беше отежнато заради непристапност. Пожарникарите меѓу другото, мораа да се борат со несовесни возачи и да креваат паркирани возила на раце, за да го ослободат пристапот до зградата на факултетот.