Пожар во поранешната охридска касарна ,,Михајло Апостолски“

Опожарена е тревната површина и боровите стебла во дворот од поранешната воена касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид. Освен екипите од охридската Противпожарна единица, со огнената стихија се обидуваат да се справат и жителите од околните објекти поливајќи вода со црева.