Познатиот српски доктор, 59 годишниот Срѓан Цветановиќ, изврши самоубиство откако претходно се обиде да ја убие неговата партнерка, глумицата Ивана Панзаловиќ, во Србија позната по улога во серијалот ,,Курсаџии“.

Доктор Цветановиќ е познат хирург-специјалист по пластична хирургија на ВМА и примариус-магистар на медицински науки.

Според српските медиуми, докторот првин ја бркал со нож низ станот својата помлада партнерка, а потоа пукал во неа, па во себе.

Панзаловиќ повикала полиција и пријавила дека Цветановиќ се обидува да ја убие во станот. Полициската патрола пристигнала по неколку минути и упаднала во моментот кога докторот испалил куршум кон партнерката и веднаш потоа се самоубил.

Доктор Срѓан Цветановиќ има над 100 научни трудови од областа на реконструктивната хирургија.

Тој бил меѓународно признат доктор и оперирал и имал предавања насекаде низ светот.

На фотографијата е глумицата Ивана Панзаловиќ, која веројатно претходно му била пациентка на познатиот пластичен хирург.