Покажан првиот зелен картон

Прв пат во историјата на фудбалот на еден натпревар е покажан зелен картон.
Жолтиот и црвениот претставуваат опомена и казна за играчите, додека зелениот картон, воведен во италијанската Серија Б, е награда.

Имено, зелен картон од судијата ќе добие играч кој во текот на натпреварот ќе покаже фер-плеј, а првиот фудбалер што доби е Кристиан Галано од Виченца.

Тој во текот на натпреварот против Виртус Ентеле призна дека помошниот судија погрешил кога досудил корнер за неговата екипа.

„Нашиот играч покажа прави вредности во италијанскиот фудбал и во Серија Б. Сакаме такво првенство, чесно, и ова е најдобар пат кон нашата определба“, порачуваат од Виченца.

Зелениот картон е воведен во втората италијанска лига минатата сезона. На крајот на сезоната играчот со најмногу картони ќе добие награда, а засега ФИФА не планира воведување на ваков картон во останатите натпреварувања.