Пред избирачкото место 0193 во село Радобор, во општина Могила, полицијата запре возило и при проверката во багажникот пронајде прехранбени продукти и шишиња со зејтин, јавува набљудувачот на ЦИВИЛ.

Активистите на еден кандидат за градоначалник на Општина Могила, по разговорот со полицијата беа пуштени да си заминат со предупредување повеќе да не се движат низ општината и да не им делат прехранбени продукти на жителите, според извештајот на набљудувачот на ЦИВИЛ – Центар за слобода.