Полски свештеник-бодибилдер доби забрана да учествува на натпревари

Католичката црква му забрани на полскиот свештеник Артур Kапроњ, да се појавува повеќе на натпревари за бодибилдинг, откако во медиумите излезе извештај дека тој на државниот натпревар за јуниори и сениори, го освоил четвртото место.

Славниот свештеник стана популарен откако тој на социјалните режи откри дека има необично хоби и дека речиси секојдневно вежба како бодибилдер.

На почетокот тој ја имаше поддршката на католичката црква и парохијата каде беше свештеник, но откако учествуваше на натпревар и го покажа своето извежбано тело, следуваше забрана.

 

Артур Капроњ

Артур Капроњ

Капроњ реши да ги прифати укажувањата и им се извини и на црквата и на верниците.