Поповска: Потписот на петицијата не е мој и тоа повлекува кривична одговорност

По објавувањето на петицијата која нашиот портал ја доби со потписи и заверена со печат, се јавија вработени од Институт за национална историја , кои велат дека не е точно дека сите се потпишале со барање Државен архив да се врати во старата зграда. Петицијата е испратена до премиерот Зоран Заев.

Доц.Д-р Наталија Поповска испрати демант дека се потпишала и тврди дека нејзиниот потпис , кој стои на петицијата , е фалсификат:

Во врска со статијата објавена на вашиот портал, во која се спомнува петицијата на вработените од ИНИ и ДАРМ, би сакала да Ви укажам дека информцијата со која се тврди дека сите вработени во ИНИ се потпишале не е точна. Имено, еден дел од вработените не се потпишани. Освен тоа, после комуникацијата со главната уредничка, ми беше укажано дека некој/а се потпишал во мое име. Најдоговорно тврдам и изјавувам дека потписот на конкретната петиција не е мој. Дрскоста некој да се потпише во мое име е преголема и повлекува кривична одговорност.“

Доц. д – р Наталија Поповска,

Вработена во ИНИ,

Одделение за античка и средновековна историја