Поп Ацев четврти во Италија за делба на првото место на Гран при серијата

 

 

Најдобриот македонски маратонец, Евгениј Поп Ацев го освои четвртото место на маратонот  Капри-Неапол и повторно е на тронот на Гран при серијата на ФИНА во маратонско пливање, делејќи ја првата позиција со Аргентинецот Гилермо Бертола со по 43 бода.

Поради лошо време, традиционалното финале со маратонот од Капри до Неапол беше заменето со трка на 16 километри, патека од два километри на која се пливаа 8 круга.

Ова е трета година едно по друго како македонски пливачи ја освојуваат маратонската гран при серија: во 2015 година триумфираше Евгениј поп Ацев, во 2016 година шампион беше Томи Стефановски, а сега повторо Евгениј поп Ацев се врати на тронот.

Вториот македонски претставник Александар Илиевски го освои 12 место во трката.