Поранешен војник е осомничен за нападот во црквата во Тексас

 

26 годишен поранешен војник , е осомничен за вооружениот напад во баптистичката црква  во градот Сатерленд Спринс во Тексас, пренесува АП.

Како што е соопштено , тој потекнува од предградие во Сан Антонио, одалечено четириесетина километри од местото на убиството.

Девин Патрик Кили е осомничен дека вчера со огнено оружје, застрелал смртно 26 и ранил 20 верници, во момент кога биле на миса во баптистичката црква.

 

Медиумите пренесуваат дека се утврдуваат неговите врски со некаква терористичка група. Кили бил неколку пати ангажиран во американската армија, но исто така неколку пати бил отпуштан заради проблематично однесување.

Истрагата за нападот во црквата во Сатерленд Спрингс ја спроведува ФБИ. Тоа е најсмртоносно масовно убиство во историјата на Тексас и најсмртоносен напад во некој верски објект во историјата на САД.

Нападот во Тексас се случи само еден месец откако 64-годишниот Стивен Педок во Лас Вегас уби 58 луѓе, а повреди над 500 лица. Нападот на Педок досега е најсмртоносен од ваков вид во историјата на САД.