Поранешен полицаец од Загреб, 36 годишниот Дубравко Сикермештер, пред неколку дена, со пиштол ја усмртил 29 годишната фитнес инструкторка, Ана Куртањек.

Според сознанијата на полицијата, бившиот полицаец со години бил опседнат со убавата фитнес инструкторка, но таа не покажувала никаков интерес за него. Напротив, таа упорно го одбивала, а за нејзината мака не кажувала речиси никому, во надеж дека сама ќе го реши проблемот.

По убиството на Ана, Сикермешетер извршил самоубиство и не оставил никакава порака за мотивите за оваа трагедија, информира полицијата.

Јутарњи лист пишува дека Ана Куртањек, покрај тоа што професионално се занимавала со фитнес како инструктор, била и поранешна државна првенка во синхронизирано пливање.

Ана имала долгогодишна љубовна врска, а нејзиното момче е шокирано од тоа што се случило, уште повеќе што Ана многу малку зборувала за нејзиниот долгогодишен проблем со прогонувањето од опседнатиот поранешен полицаец. Како што изјавил за медиумите, таа секогаш му велела дека тоа не е ништо и дека сама ќе се справи со него.

Родителите на несреќната девојка исто така изјавуваат дека и тие немале многу информции, но забележале дека во последно време добива често пораки на мобилниот телефон , по што таа била многу вознемирена.