Поранешниот пратеник Стојко Пауновски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

Поранешниот пратеник на СДСМ и претседател на ОО на СДСМ во Тетово, Стојко Пауновски е именуван за директор на Државниот пазарен инспекторат.

Пауновски е долгогодишен член на СДСМ. Роден на 20.12.1962 година во с. Челопек, Тетово. Тој е  дипломиран економист, на Економски факултет во  Скопје, а исто така и има лиценца и е  овластен ревизор.

Владата на Република Македонија донесе и неколку други кадровски решенија и именуваше неколку нови директори на државни инспекторати. За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Владата го именуваше Ејуп Јахја, за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садуковски . Воедно на денешната владина седница Владата на Република Македонија го замени Генералниот секретар Драги Рашковски, од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на Телеком и на таа позиција ја назначи Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.

За претставници во Советот на Јавната научна установа Институт за македонска литература Владата ги назначи Димка Митева, Љубица Станковска и Владимир Мартиновски.