Последното премиерско шоу на Александар Вучиќ

Српскиот Премиер и иден Претседател Александар Вучиќ, во стилот на шоумен, се прости од својата премиерска функција и го најави својот мандат како иден Претседател на Србија.

Имено, завршната прес конференција ја одржа на отворено, пред вилата ,,Мир“, опкружен со географски карти и мапи, на кои покажуваше што тој направил и што им остава на неговите наследници  во Владата  во наследство  да направат.

Драматичен, каков што е секогаш во своите настапи, Вучиќ се пофали дека се што е потрошено од државната каса во негово време е за изградба на ниви градови, села и патишта.