Потпиша за Интер пред една недела, па ќе паузира шест месеци

Само што пристигна од Валенсија во Интер, последното засилување на „Нероаѕурите“ Жоао Кансело би можело да ја пропушти речиси цела сезона.

Како што пишуваат медиумите од Италија, Кансело се пожалил на болка во коленото на тренингот на португалската репрезентација, по што веднаш е ослободен од обврските.

За 15 дена ќе бидат извршени нови тестови кога ќе се постави точната дијагноза. Ако биде потврдени најлошите прогнози, скинување на вкрстените лигаменти на коленото, тогаш  Кансело ќе паузира најмалку шест месеци и ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната.

Инаку, португалскиот селектор на негово место го повика Рикардо Переира.