Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Починал  ненадејно, на 10 јануари, околу 17:30 часот. Имаше 54 години.

Мирослав Стојановиќ – Шуки (1963 – 2018)

Шуки беше голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт.

ЦИВИЛ ќе отвори книга на жалоста во своето седиште денеска, во 12 часот.

За погребот и комеморативните настани од ЦИВИЛ ќе информираат дополнително.