Почина Алит Абази- независен кандидат за градоначалник на Кичево

Алит Абази, кој беше застрелан во вооружен инцидент во Кичево, утрово им подлегнал на повредите. Тој беше носител на независна кандидатска листа за Кичево на локалните избори.

Во инцидентот покрај него, беа ранети и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.

Педесет и осумгодишниот Абдула Абдули е во притвор, а мотивите за инцидентот се уште официјално не се познати, иако МВР соопшти дека пресметката не е поврзана со изборите, туку со лични недоразбирања.

Убиениот и убиецот воделе судски процес во судот во КИчево, а истиот ден кога се случи убиството се одржало рочиште.