Почина бардот на хрватското новинарство Предраг Луциќ

По долга и тешка болест, во Сплит почина еден од најпознатите хрватски новинари, Предраг Луциќ. Луциќ беше коосновач на авангардниот  Feral Tribunе, хрватски весник кој во раните деведесети од минатиот век, во времете на владеење на Фрањо Туѓман, беше прозорец кон вистината и единствен сатиричен весник кој ја исмеваше политиката на Туѓман.

 

Неговата новинарска кариера почнува во 1985 година, а од 1988 година е постојан соработник на сплитски Ферал, каде заедно со познатиот колумист Борис Дежуловиќ, се до својата фатална болест, правеа вивисекција на работата на секоја политичка гарнитура.

Предраг Луциќ е роден во 1964 година во Сплит.