Почина виолинистот Дмитри Коган, внук на светски прославениот Леонид Коган

На веста за смртта на виолинистот Дмитри Коган, син на Павел Коган, и внук на великиот Леонид Коган – потомок на славното музичко виолинистичко семејство, кое имаше огромна желба, да стаса до четврта генерација учесници на „Охридско лето“ Коганови не задолжија колосално – не сум сигурен дека им се оддолживме, барем – минимално!?

“Немам поголема желба од таа, еден ден, и четвртата генерација Коганови да бидат неразделно сврзани со Охрид и македонското, а светско – „Охридско лето“, ми рече маестро Павел Коган, кога, летото 2015, со него направив поголемо интервју во Охрид. Тогаш една седмица во Охрид, се одмараа синот и ќерката на Леонид Коган, едно од најславните виолинистички имиња во светот.

   

Синот – Павел Коган, диригент и виолинист, ќерката Нина Коган – пијанистка и внукот, Даниел, син на Нина – тогаш виолинист на 21 година.Недостасуваше само Дмитри, синот на Павел, кој сега силно ќе им недостасува на Русија и на светот.Почина  само на 38 годишна возраст. Таа година, кога Коганови беа во Охрид, во САД, почна одбележувањето на 90 годишнината од рагањето на татко му, Леонид Коган. Покрај американското, имаше и серуско чевствување во Москва, потоа во Италија, Велика Британија и Јапонија. Коганови беа подготвени и ми ја искажаа желбата, на таа светска мапа, да се најде и Охрид, односно неговото „Охридско лето“. Со тоа и Република Македонија и македонската културна јавност, ќе беа дел од тоа мундијалното одбележување, на еден од најславните музичари – инструменталисти во светската цивилизација. Се обидов тоа да го пренесам на соодветно место, за жал, не наидов на слух, ниту ми беше прифатен предлогот семејството да биде примено од најофицијалното место. Штета, испуштена беше приликата Охрид да биде дел од светски настан, да биде една од шесте коти на светската мапа во мундијалното одбележување на 90 годишнината од рагањето на Леонид Коган. Нивниот татко, прославениот светски виолинист Леонид Коган, беше еден од најпрепознатливите симболи на фестивалот „Охридско лето“, заедно со Навара, Ојстрах, Ростропович и други. Веста за смртта на Дмитри Коган – синот и внукот, ме затекна надвор од земјата, на годишен одмор.Ми ја пренесе директорката на Летото, Сузана Вренцоска. Не можев, а да не “свиткам бел лист хартија”!

Градот Охрид ме задолжил со тоа што ми овозможил да бидам на местото на крупни настани и со личности – великани. Настаните го прават новинарот. Благодарноста моја – кон градот, а вечната почит кон починатиот Дмитри Коган. Вечна му слава,на младиот светски перспективен виолинист од третата генерација,потомок на славното семејство Коганови, кое многу не задолжи, а не сум сигурен дека, макар и делумно, сме му се оддолжиле! Но тоа сме ние: Тесна ни е кожата, а умот – плиток!?

Веле Митаноски