Почина Деби Рејнолдс, ден по смртта на ќерката Кери Фишер

Легендарната холивудска глумица Деби Рејнолдс, почина на 84 годишна возраст, еден ден по смртта на нејзината ќерка глумицата Кери Фишер.

Тод Фишер, син на Деби ја потврди оваа тажна вест, наведувајќи дека неговата мајка била под силен стрес заради смртта на ќерката и негова сестра Кери. Деби Рејнолдс претрпела мозочен удар по страшната вест за смртта на ќерката.

Деби Рејнолдс уште на почетокот на кариерата беше дел од еден од најуспешните и најсаканите мјузикли во историјата на Холивуд, Singin’ in the Rain, а подоцна таа освои номинација за Оскар за улогата во The Unsinkable Molly Brown. Иако препознавана по комичниот талент, и талентот за пеење и танцување, Деби во подоцнежната кариера глумеше и во повеќе драми, а 90-те беа годините кога таа се префрли и на „малите екрани“.

Нејзината ќерка пак Кери, ја оствари улогата по која беше препознатлива се до смртта, а тоа принцезата Леја во Војна на ѕвездите.