Легендарната чешка тенисерка Јана Новотна, почина на 50 години, после тешка и долга борба со канцерот.

Новотна го постигна својот најголем успех во кариерата во 1998 година освојувајќи го Вимблдон. Таа освои 16 грен-слем титули во двојки и тоа 4 во Вимблдон, по 3 на Ролан Гарос и УС Опен и две титули на Аустралијан Опен.

Стана миленичка на публиката по емотивната реакција по поразот од Штефи Граф пред 24 години, кога дојде да ја теши Војвотката од Кент.