Почина најбогатата жена на светот

Наследничката на козметичкиот гигант ,,Лореал“, Лилијан Бетанкур, почина во 95 година од животот, соопшти нејзината ќерка.

,,Лилијан Бетанкур почина синоќа во својата куќа. Мојата мајка мирно не напушти“-соопшти нејзината ќерка Франсоаз Бетанкур Мајер.

Лилијан Бетанкур беше најбогата жена на светот и 14 најбогата личност во светот, воопшто. Нејзиниот имот е проценет на 39,5 милијарди долари.

Нејзиното семејство како основач на ,,Лореал“, има 33 проценти од сопственоста на компанијата.