Почина на прв тренинг во Охрид

Американски кошаркар кој дошол како засилување на клубот АБ Охрид, почина на првиот тренинг во спортската сала Билјанини извори што се одржуваше вчера.

Првиот тренинг со екипата на АБ Охрид беше фатален за 26 годишниот Камерон Мур од САД кој пристигнал како засилување за второлигашот за новата сезона, јавуваат локалните медиуми.

Трагичниот настан се случил синоќа во спортската сала во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“ по што веднаш била известена полицијата. На местото на настанот веднаш пристигнал тим на Брзата помош кој не успеал да го реанимира несреќниот кошаркар. На телото на кошаркарот не се пронајдени траги на насилство или видливи повреди. Причините за смртта се очекуваат по обдукцијата на телото.