Hju Hefner, основач на светски познатиот магазин  (Playboy), почина во 91 година од животот, соопшти компанијата Плејбој.

Хефнер беше еден од најуспешните американски бизнисмнеи, познат по тоа што во 1953 година го основаше магазинот за мажи- ,,Плејбој“.

 

Првиот број беше распродаден за неколку недели во милионски тираж, затоа што на насловната страница беше голата Мерлин Монро.

Хју Хефнер е роден во Чикаго, а својата кариера ја започнал како новинар.

Благодарејќи на успехот на магазинот ,,Плејбој“, а подоцна и на компанијата со исто име, Хефнер стана милионер, а неговото богатство се проценува на 43 милиони долари.

 

Магазинот ,,Плејбој“ се уште излегува еднаш месечно и се уште објавува фотографии со голи жени, но и написи за спорт и за јавни личности.