Почина полскиот режисер Анджеј Вајда

Во 90 година од животот почина светски познатиот полски режисер Анджеј Вајда, јавуваат полските медиуми.

Вајда беше еден од најистакнатаите претставници на полската школа на кинематографијата, а за низа свои брилијатни дела доби Оскар за животно дело , како и Златна палма во Кан.

Во 2000 година ја доби престижната награда за животно дело, а заедно со Фредерико Фелини и Ингмар Бергман е еден од тројцата лауреати на наградата Оскар за животно дело.

Во кариерата има снимено 50 филмови, вклучувајќи ги и Пепел и дијамант, Пан Тадеуш, Човек од мермер, Се е на продажба и други.

Главна тематика на неговите филмови е историјата на Полска.

Последните филмови на Анджеј Вајда беа омаж на поранешниот полски претседател Лех Валенса, а филмот Дополнителни слики минатата година беше странски кандидат за Оскар.