Н а 87 годишна возраст почина оранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој ја водеше земјата во текот на последните денови од Студената војна и во повторното обединување, и кој остави неизбришлива трага во германската историја.

Хелмут Кол беше канцелар со огромен авторитет не само во Германија, туку и во целиот свет. Тој одигра значајна улога во промовирањето на европската интеграција и на воведувањето на заедничката европска валута, еврото.

Се залагаше за интегрирање на посткомунистичките држави во Европската унија и НАТО, под услов тие да ги исполнуваат условите за членство.

Заедно со неговиот близок пријател, францускиот претседател Франсоа Митеран, Кол се надеваше и настојуваше да ја направи Европската Унија рамноправен партнер со САД.

Хелмут Кол почина  во својот дом во Лудвигсхафен , јави германскиот весник Билд. Тој важи за татко на германската реунификација, човекот кој ги спои Источна и Западна Германија.

Хелмут Кол  беше шеф на германската влада од 1982 година до 1998 година и тоа е најдолг мандат во 20 век како лидер на владата во Германија.