Почина поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи

Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, почина утрината во Истанбул, соопштија косовските медиуми

Реџепи пред неколку месеци доживеа мозочен удар, по што беше опериран, но падна во кома.

По професија беше лекар, долгогодишен член на Демократската партија на Косово, градоначалник на јужниот дел на Косовска Митровица и прв повоен премиер на Косово.