Почина Сем Шепард

Американскиот драмски писател, сценарист, глумец и режисер Сем Шепард почина во 74 година од животот.

Прославениот авангарден  уметник почина во четвртокот  во  својот дом во  Кентаки.

Претставник  на неговото семејство изјави дека смртта кај Шепард била предизвикана од комликации на  амиотрофична латерална склероза (АЛС, позната и како Лу-Геригова болест) од која што тој боледувал.

Сем Шепард е еден од најпознатите драмски писатила на денешницата. Тој е сценарист и на филмовите Патник, Денови на рајот, Пат во вселената…

Сем Шепард се смета за најзначајна фигура во литературата во Америка по Артур Милер и Јуџин О,Нил. Тој беше миленик на публиката.