Почина српскиот пејач на народни песни Предраг Гојковиќ-Цуне

На 85 годишна возраст, во Белград, почина популарниот српски пејач на народни песни Предраг Гојковиќ-Цуне.

Тој е еден од најголемите интерпретатори на српска народна и староградска изворна музика. За РТС снимил преку 1.000 песни.

Ќе останат запаметени неговите “Кафу ми, драга, испеци”, “Јаничар”, “Соња”, “Дунаве, моје море”, “Запевајте, песме старе”, “Стани, стани, Ибар водо”… и други.

Цуне, Тозовац, Лепа Лукиќ…се златаната генерација пејачи на народна музика, староградкси песни и севдалинки. Познати се ширум југословенските простори.

Предраг Гојковиќ Цуне беше оженет и има две ќерки и повеќе внуци. Погребот ќе биде дополнително закажан.