Почина Фидел Кастро

На 90 годишна возрacт почина долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро.

Роден е на 13 август 1926 (според некои 1927) во Мајари во провинцијата Ориенте. Татко му бил сопственик на плантажа со шеќерна трска со површина од 23.000 акри. Во младоста Фидел посетувал две езуитски училишта – Ласал и Долорес, и двете во Сантјаго де Куба. Во 1942 се запишал во езуитското училиште во Хавана и успешно го завршил во 1945.

Во 1950 завршил правни науки на Универзитетот во Хавана. По завршувањето на факултетот Кастро планирал да се кандидира за пратеник во кубанскиот парламент на изборите закажани за 1952, но генералот Фулгенсио Батиста извршил воен удар и ги откажал изборите. Заедно со група истомисленици на 26 јули 1953 тој извршил напад врз касарната во Монкада. Нападот бил неуспешен и Кастро бил затворен. Во затвор останал до 1955. По напуштањето на затворот Кастро прво отпатувал за САД, а потоа и за Мексико, каде што го организирал револуционерното движење наречено “26 јули”.

kask

Во 1956 заедно со група истомисленици, меѓу кои и Ернесто Че Гевара и брат му Раул Кастро, се истоварува на брегот на Куба и ја поведува борбата против диктатурата на Батиста. Во тоа време неговото движење застапува општи демократски принципи и не се залага за воведување на комунизам. Напротив, тогашната кубанска комунистичка партија не се согласува со начинот на водење на борбата и со целите на движењето на Кастро и го нарекува “ситно-буржоаско”. На почетокот на 1959 силите на Кастро навлегле во Хавана и диктатурата на Батиста била соборена.

cuba-carter

На почетокот на своето владеење Кастро не спроведувал радикални општествени реформи. Дури и не бил непријателски расположен кон САД. Но поради притисоците од масите, Кастро почнал да презема мерки кои одеа против интересите на американскиот капитал во Куба. Голем удар на американскиот капитал на Куба бил национализацијата на нафтените рафинерии во 1960, по што САД престанале да купуваат кубански шеќер и вовеле економско ембарго кон Куба. Уште повеќе, почнале да ги организира кубанските бегалци за насилно соборување на Кастро од власт, што кулминирало со фијаското со истоварувањето во Заливот на свињите во 1961.

Притисоците од страна на САД го приморуваат  Кастро да се приближи до СССР. СССР почнал да го купува кубанскиот шеќер, многу важен за целата кубанска економија, но за тоа барале и противуслуги. Меѓу нив беше инсталирањето на советски балистички проектили со долг дострел на Куба, што во 1962 предизвикало тешка криза во односите помеѓу САД и СССР позната како “Кубанска криза”.

Во меѓувреме Кастро успеал да ја зацврсти својата власт на Куба при што посебен акцент бил ставен врз обезбедувањето на основните економски и социјални права на Кубанците, во што беше постигнато несомнено многу. Инаку, и покрај тоа што кубанскиот тип на комунизам се сметал за тоталитарен, тој е еден од најмалку репресивните системи споредено  со останатите екс-комунистички земји така и со некомунистичките диктатури од Латинска Америка, често непосредно поддржани од САД.

Cuban president Fidel Castro tries on a pair of sunglasses as he talks to the media 16 November 1999 in Havana, during the IX Iberoamerican Summit. The Summit is the biggest international gathering hosted by Cuba since 1979. (Photo credit should read CHRISTOPHE SIMON/AFP/Getty Images)

На 31 јули 2006 Кастро му ги отстапува своите претседателски должности на својот брат, врховниот командант и заменик претседател, Раул Кастро. На 18 февруари Кастро изјавил дека се пензионира и повеќе нема да учествува во политика, па така на 24 февруари истата година Националното собрание едногласно го избира Раул Кастро за Претседател на Куба.

Извор-Wikipedia