Почина хашкиот осуденик Праљак по испиениот отров во судница

Поранешниот началник на Главниот штаб на ХВО во Босна и Херцеговина, Слободан Праљак, починал во болница, јави ХИНА.

Тој во текот на изрекување на пресудата во судницата во Хаг, испи течност, за која рече дека е отров. По ова беше прекинато судењето и изрекувањето префрлено во друга судница, а на Праљак му се даваше прва помош во простории на Трибуналот. Потоа, отако не можеле лекарите да го реанимираат, беше префрлен во болница во Хаг.

По неколку часа, ХИНА јави дека тој починал.