Почина Љупчо Тозија

Почина Љупчо Тозија, режисер, драматург,новинар и дипломат. Целиот свој работен век го помина во МРТ, а во еден период беше директор на Македонска Телевизија. Беше уредник на Драмска редакција, каде има режирано повеќе играни и драмски серии.

Љупчо Тозија беше вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Италија.

Режисерско деби на Љупчо Тозија е делото „Хамлет од Долно Гаштани“, проследено со   една од поголемите контроверзии во современата македнска театарска историја. Во тесна соработка со актерите, режисерот создава „сочна и полнокрвна претстава, која многу бргу најде пат до гледачот, пишуваше критиката во седумдесетите години од минатиот век. За кратко време претставата била изведена 33 пати  во Драмски театар и тоа секогаш во преполн салон, и доколку не ја следеа извесни перипетии, односно доколку таа бесшумно не исчезна од репертоарот, што уследи непосредно по јавната расправа за идејните аспекти на делото на Брешан, најверојатно дека ќе доживееше рекорден број изведби“-пишуваа тогаш критичарите.

Фото:Љупчо Тозија,лево