Почна броењето на гласови, пристигнаа и првите резултати

СДСМ победи во Брест сo 108 гласа, ДУИ освои 92, ДПА 39, 18 Беса и 14 Села. Овој пост на својот ФБ профил го стави Мухамед Зекири кој е на листа за пратеници од СДСМ во ИЕ 2.

Партиските штабови се подготвени, но досега ниту една партија не се појави пред новинарите. Минатите изборни циклуси ВМРО ДПМНЕ секогаш ги користеше првите моменти по завршување на изборниот молк да одржи прес конференција.