Почна да се одмотува клопчето за уништувањето документација од УБК по наредба на Грујовски и Бошковски

Додека двајцата обвинети за уништување на опремата за прислушување и документација изнесена од УБК се во бегство, мрежата на злосторничкото здружение почна да се открива во судскиот процес ,,Тврдина2“, благодарејќи на сведочењето на сведоците кои по наредба го извршиле делото.

„Беше обичен ден. Околу 10 часот ми се јави Ванчо Цветановски или началникот Никола Бошкоски, не се сеќавам, и ми кажа да земам две возила и да ги донесам пред Одделот за оперативна техника на МВР. Откако го направивме тоа, во возилата натоваривме црни кеси со документација за уништување  и ги однесовме во Петровец. На уништувањето на документацијата присуствуваа сите од надлежната комисија при УБК“-сведочеше вработен во УБК, сега сведок во судскиот процес.

На прашање на адвокатот Љупчо Шврговски да објасни описно каков бил просторот кадешто  се извршило уништувањето на документацијата, сведокот изјави:

„Просторот беше ограден со камења, во кружен облик од околу три метри. Мислам дека имаше и противпожарен апарат“.

Вториот сведок, исто така вработен во МВР, тврди дека на денот кога било закажано уништувањето на документацијата, Горан Грујевски лично му се јави за да присуствува таму.

Според неговото сведочење, уништувањето на документите  се случило во 2015 година, но не можеше да се сети на точниот датум. Сведокот потврди дека уништувањето на документацијата било во базата Брест, како и многу слични уништувања кои се случувале и претходно.

Ова не било прво уништување на кое присуствувал сведокот. Во првиот случај станувало збор за уништивање на „ситни белешки“, а тој воопшто не знаел какви документи има за уништување бидејќи биле ставени во црни кеси.

Фото: Грујовски и Бошковски