По поразот на локалните избори Груевски се повлече од јавност

По поразот на локалните избори, лидерот на ВМРО ДПМНЕ се повлече од јавност. Две недели или поточно 15 дена, Груевски нема излезено во јавност да даде изјава или пак да се појави на некој настан организиран специјално за него, како што тоа беше практика претходно.

Последната негова изјава беше на 29 октомври, по вториот круг од локалните, кога од седиштетео на неговата партија најави дека нема да ги признае резултатите од изборите и дека неговата одговорност за големиот пораз од СДСМ допрва ќе се анализира.

Во меѓувреме, генералниот секретар, Христијан Мицкоски, се ,,посипа со пепел“, па по интервјуто во кое го опиша идниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, со постулати кои јасно покажуваат дека тоа не е Груевски, вчера се корегираше.

Во интервју за друга телевизија,вели дека тој кажал каков треба да биде идниот лидер на партијата доколку Груевски реши сам да даде оставка, но на прашањето дали актуелниот претседател на ВМРО ДПМНЕ ги исполнува тие услови, Мицкоски одговори-ДА.