Пратениците се фокусираа и ги поминаа на комисија препораките на Народен правобранител

Отакако заради дефокусираност на пратениците, препораките на Народниот правобранител до Владата согласно извештајот на Прибе, за подобрување на човековите права во повеќе области не беа изгласани, денеска започна нова процедура.

Со минимални корекции за да може да се вратат во собраниска процедура, предлог мерките од народниот правобранител Иџет Мемети, поминаа на  Комисија за политички систем и пак се во собраниска процедура.

Пратеничката Ивана Туфекџиќ вети дека ова нема да им се повтори:

,,Грешката брзо ќе се исправи и нема да се дозволи да се повтори“-напиша таа на ФБ.