Пратеничката Пешевска која се прегрнуваше со демонстрантите се повикала на имунитет

Пратеничката на ВМРО дДПМНЕ, Жаклина Пешевска, која ги пречекуваше демонстрантите нан  влезот во Собрание, откако Мукоски, Василевски, Тарчуловски и Арануудов ги отворија вратите, со две судки наредби е однесена на распит во полициска станица.

Според првичните информации кои портало Република ги добил од одбраната, таа се повикала на пратеничкиот имунитет, но сепак е спроведена полициски на распит.

Адвокатите коментираат дека станува збор за класична злоупотреба на овластувањата и непочитување на законите.

При упадот во домот на пратеничката Жаклина Пешевска, полицијата прикажала две наредби издадени од двајца судии, за приведување и за претрес. Во наредбите кои ги покажала полицијата никаде не било наведено дека станува збор за пратеник од Собранието. Кога пратеничката се повикала на имунитет, полицијата премолчила и насилно ја спровела до возилото и потоа пред истражен судија, пишува Република.