Прва посета на албански Претседател на Србија од 1948 година

Албанскиот Претседател Бујар Нишани денеска престојува на југот на Србија во посета на општините Бујановац и Прешево, каде што живее мнозинство албанско население.

Ова е прва посета на албански Претседател на Србија од 1948 година навму, кога таму бил Енвер Хоџа.

Српските политичари на оваа посета не гледаат со одобрување, а најжесток во реакцијата беше министерот Александар Вулин кој реагираше на изјавата на Јонуз Муслиу од Националниот совет на Албанците дека матичната држава е таа што треба да се грижи за Албанците каде и да се тие.

Според Вулин оваа изјава е опасна и може да предизвика судири таму каде што ги нема.

Посетата на Нишани е службено најавена, таа е официјална со претходна согласност на Белград.