Првиот стрелец на Лига Европа потпиша за Вардар

Голгетерот на Лига Европа со седум постигнати голови, рускиот интернационалец Максим Максимов го засили македонскиот шампион Вардар. 21-годишниот Русин, кој доаѓа од литванскиот тим Тракаи,потпиша трогодишен договор со црвено-црните.

„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза. Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот“, изјави Максимов за официјалниот сајт на Вардар.