Прв пораз на Фенербахче

Кошаркарите на Фенербахче го доживеаја првиот пораз во Евролигата оваа сезона.

Во петтото коло загубија од Уникс од Казањ со 81:73.

Ова е прва победа за Уникс.

Рускиот клуб до победата во Истанбул го предводеше Кит Ленгфорд со 28 поени, додека Артјом Парахуски постигна 20.

Најефикасен во Фенербахче со 23 поени беше Боби Диксон.

Засега единствена непоразена екипа во Евролигата е ЦСКА од Москва, која натпреварот од петтото коло ќе го игра против Олимпијакос во Атина.