Прв претседател на Струшките вечери беше Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Гане Тодоровски…Толку!

Прв претседател на Струшките вечери беше Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре Бакевски, Симон Дракул, Благоја Иванов… Толку.

Ова, на својот ФБ профил го напиша македонскиот поет со меѓународна репутација, Ристо Лазаров, како реакција на именувањето на Дарко Лешоски за претседател на УО на Струшки вечери на поезија.Има објавено преку 30 книги поезија. Добитник е на наградата ,,Браќа Миладиновци“ за книгата ,,Среде“ на Струшки вечери на поезија за најдобра од македонски автор.

Но, Дарко Лешоски стана познат во дел од македонската јавност по контровезната ФБ поезија или постови на одредена тема – како оној за украдената јакна, сељачиштата од Скопје, мастиката на неговите фармерки и слично.

Неговото именување за претседател на УО на Струшки вечери на поезија, предизвикува бурни реакции на социјалните мрежи, од изненадување, па до отворено негодување дека не е дораснат или незаслужено седнува на ова место, кое се досега го раководеле авторитети во поезијата, со богатo поетско SV зад себе.

Му забележуваат дека до вчера зборувал во негативна конотација за фестивалот на поезијата во Струга и дека никогаш не би прифатил да настапи на еден таков здодевен настан, а сега не е проблем да прифати да биде негов раководител.

Напишал две стихозбирки „Дете од лоша фамилија“, „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“. За презентација на  втората е создаден видео перформанс со познати личности кои читаат стихови од неговите песни.

Во видеото стихови од поемата „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека”, говорат: Унковски, Манчевски, Синоличка Трпкова, Висар Вишка, Весна Петрушевска, Бранко Огњановски, Васко К15, Отец Пимен, Соња Исмаили, Милан Андов, Славиша Каевски, Сашко Коцев, Драгана Левенска и многу други .

 

Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ.

Фото:Портал Fashionеl