Прегласна музика во 4 локали

По налог на општина Центар, овластена фирма изврши мерење на бучавата на 25 и 26.11.2016 во кафе бар “Чао“, паб “Комедија“, “Аперитиво бар“ и “Џуси бар“. Кај овие 4 локали констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената.

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.
Инспекциските служби извршија надзор, по пријава од граѓани, дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот.

Општина Центар ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и затоа ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки.