Предлог-законот за национални малцинства во Албанија наскоро пред албанскиот Парламент

 

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува усвоенот предлог – закон за малцинства од страна на Влада на Албанија. Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права-се вели во нивната реакција.

Предлог-законот за заштита на националните малцинства  набрзо ке се најде на дневен ред во Парламентот. Македонско друштво “Илинден“-Tирана ги повикува политичките партии во Албанија едногласно да го изгласаат предлог – законот во Парламентот.

Национални малцинства во Албанија според овој предлог-закон се: Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.