Сонце како во лето, снег токму колку што треба. Убаво истапкани патеки, температура над нулата. Во ваков прекрасен амбиент денеска уживаат посетителите и викендашите на нашиот најубав зимски туристички центар Попова Шапка. Не само скијачите, туку во Шарските убавини уживаа и параглајдеристите.

 

 

Додека Шапка се капе во сонце, Тетово, како што може да се види во далечина од следната фотографија, плива во облаци, смог и загаден воздух:

Денеска сите ски лифтови и жичници на Попова Шапка беа пуштени во употреба.

АКО.мк