Премиерот Заев им ја честиташе победата на македонските ракометари

По првата победа на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватаска, против репрезентацијата на Словенија, на ФБ профилот на премиерот Заев осамна порака со честитка :

,,Одличен почеток на нашата репрезентација на Европското првенство во ракомет. Вие сте нашата гордост и заедно се радуваме на овој успех.

Посакувам среќа и многу голови во следните натпревари со Црна Гора и Германија“-пишува во пораката .

Македонија ја победи Словенија со еден гол разлика..