Премиерот Заев оствари куса средба со американскиот претседател Трамп

Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп пред малку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН-напиша Зоран Заев на неговиот ФБ профил.

Македонска делегација предводена од премиерот , присуствува на 72 заседание на Генералното собрание на ОН.